кандило ср.

кандило (ср.)

Неговата поезија трага по светлината на надежта. Таа може да ги размести кандилцата во мракот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Твојот Адам без тебе и без Ева лута му остана само крвта за да им пали кандила на боговите може ќе ти пораснат нови раце никојпат не сум се родил заедно да се родиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Светлината на кандилото со фитил испрекината, во стилот на воздишката што чезнееше од предолго исчекување, во космичка бездна, умирајќи во темните сенки, на ноќната тишина...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А кајшто има океан има и бранови за многу напатени души кои жедни ја препливале големата вода и кои во кандилца си ги вардат коралните фитили барем додека одгатнат дали океанот има корени и дали во брановите има кирилични офкања.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Кафеаната е празна и нема кој друг да им помогне да не згасне во нивните звучни кандила вечниот пламен на љубовта.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повремено наоѓаа парчиња од грнци, тули, најдоа некаков сад, мал, сличен на кандилце, откопаа неколку коски, а археолозите сето тоа го редеа настрана, составувајќи одделни делови, грижливо бришејќи ги од земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А вечерта ако земам да пишувам на кандило, мајка ќе дојде да ми ја затегне светлината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Камбаните да бијат и кандилата да светат додека светот светува, додека векот векува...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А очите си светат небаре кандилца.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се враќам горе, го дувнувам кандилото и пак си легнувам крај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Снегот само си сее и снежинките, ко пеперужиња се збираат околу кандилото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кандилата на блиската џамија оцртуваат во првата замраченост светлив венец околу минарето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со далечинско го палиш кандилото оболено и се крстиш пред семожниот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Како да си гледал во некое кандило, во некое сонце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Старата го дувна кандилцето и одеднаш в соба ужасно се стемни.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А оние луѓе почнаа да копаат, и се почувствува силен мирис на кандила и темјан, и се покажаа светите мошти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе