канибал (м.)
Племињата Arapaho и Kiowa: убав и мрзелив младич не сака да се буди рано наутро; да може да спие колку сака тој треба да убие неколку канибали со лисеста (црвена) боја на косата; на сцена повторно стапуваат магичните помошници со чија помош младичот ги убива канибалите и сега е слободен да спие до доцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Канибалското друштво Квакиутл одгризува уши и носеви...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
за познатиот хермафродит Ann Malreaux која самата себеси се оплодила и сега очекува дете; можам да ја прочитам автентичната исповед на канибалот на кого децата му се најомиленото јадење на менито бидејќи имаат вкус на риба...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Те пробила ли отровна стрела на црнечко канибалско племе? го прашуваше. Кажи, те пробило ли? Илјада стрели, ѝ рече.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Андреј Чикатило, руски канибал кој изел 56 лица, во американските медиуми добил голем публицитет.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)