карличен (прид.)
Но сепак, и над тревките и над каменот господарела пролет во која сиромаштијата ги фрлала од себе парталите и сиџимите со кои се врзувала околу половината да ги задржи врз карличните коски беневреците; се ослободувале од болвливи минтани и се свртувале разграштени кон усвитеното сончево око.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За една девојка претставува вистински предизвик да се преправа пред лекарот, но тоа истовремено е и настојување да го сврти неговото внимание од нејзините карлични функции.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)