киднапира (св. и несв.)
Се надевам дека оваа шмизла нема неславно да заврши и да биде киднапирана од неколку цигани кои лесно можат да ја грабнат и да ја турат у циганска кочија па да ја продадат на некој продавач на старо железо.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Можеби се плаши да не го киднапира татко му.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Башка вечерва на вестите ќе кажеа дека Влатче те киднапирал и секој ден идел ќор пијан на работа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Покрај губењето на популарноста, Брена во овој период доживеа голема лична траума - киднапирање на нејзиното синче.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Било решено: со учество на Мечето и на членови на Кружокот, Велешкиот револуционерен комитет да киднапира едно дете- ученик на богатото семејство Весови - за добивање на откуп.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Сфаќам... Не сакав да те киднапирам Бојана! Александар проба безуспешно да се шегува.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
До промена ќе дојде во 1901 г., кога четите на ВМРО, под команда на Јане Сандански, ја киднапирале Елен Стон.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„13 „Alien abduction syndrome“ („синдром на киднапирање од вонземјани“) е појава „озаконета“ во психијатриската пракса во САД, и инспиративна е за многу рецентни SF филмови.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)