клас (м.)

Вистина, класјето пак се занишаа но го кријат ланскиот траг и нѐ чекаат ведри да замирисаат вашите насмевки пак.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Со два класа трговска академија одвај ја носи главата на рамена.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сега го гледаме како се врти со толчникот на сонцето среде чело та ни греат и ни пеат воденици викајќи го класјето на гумно збирајќи го денот на трпеза.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Доаѓај ми, доаѓај ко ноќта Сета болка може да се стопи в тишината на средбата темна кога ништо в немир не го ниша класјето на двете тивки тела.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Особено кон напорите и обидите да се земе приватно и уште еден клас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Српот насмевнато се помрдна од ридот Штом зората во класјето зашуми со чекорот нејзин се спушти во тврдите дланки на жнеачот со нивниот ритам да пее по златните жици на нивата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тато и тетка Рајна и мене сѐ ми беа приготвиле, но јас за тоа никому ниту еднаш не реков во класот...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тивко е темно сред класјето во полето и осамотеноста боли Барем вечерва, вечерва слезете долу развеселете ме Зошто не би дошол тој сам во собата нам ни е долу страв Ноќта е темна ноќта е густа нам ни е долу страв
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
По краснопис секогаш имав најлоша оценка во класот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Езерото се бранува во сини и црни маси со бели шамичиња од пена. По него се точи снопот на зајдисонцето со запалени класје.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
3. На крај село куп од земја стара цигулка на неа место име, место знак Ноќе ветрот цигулката ја искрева над класјето и плаче но патот зелен што ги скри Циганите...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
- На кој клас ќе предавате, - сепак не можев да се воздржам да не прашам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Заѕвони. Се оттргнав од нејзината рака што ме беше прегрнала и потрчав во класот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Крај топлите класови заспива младиот жнеач...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Целиот разговор наликуваше на посета на стар и заборавен роднина, полн со непријатни паузи, и прашања, и тоа од оние колку да се врти некој муабет, во најголем дел поврзани со нивните другари од гимназискиот клас.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ете, го завршив четвртиот клас и се подготвував за понатамошно школување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На нивните врсници и другари од класот им требаше уште малку време за да втасаат до фазата за да можат себеси да се наречат зрели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го гледам тоа тркало на тие дамнешни сништа полето како го буди врз таа земја сува и дури се вишнее класот и брегот дури листа базјето спокој и очите ги чува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Навистина, можев да им завидувам на сите други деца во класот и знаев дека веќе никогаш нема да ја имам нивната безгрижна смеа и веселост.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе