клаустофобија (ж.)
Рекламен простор за клаустрофобични реклами Извежбана рамнодушност, како извинување за грешка која не си ја направил.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Мразеше темница, а изгаснатото светло само да го засилуваше чувството на клаустрофобија кое и онака го имаше. Почна да тропа по вратата.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Во трговските центри ја фаќаше клаустрофобија.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Фараонот О, о, застана! Мириса на клаустрофобија. Тој е среќен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)