клобук (м.)
Се тргал, сакал да му се врати на својот свет што го измислувал, сакал да гледа како по усвитени карпи се лизгаат грешни души, со крици на врани паѓаат во густо и вжештено море и ѕурат со усвитени клобуци кон своето блажевито минато.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Барите на улиците вриеја од мал потоп, од густо збиени клобуци и прскање на водени трпки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не знаеше дека пред тоа треснав со плешки на земја заради истоштеност што почнува кога ќе ти се стори дека колениците ти се испразнуваат и стануваат клобуци од коска ненадејно истанчени пред некое распрснување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Газеше по нараснатата бара и во клобуците во кои умираа капките на дождот пушташе кораби од хартија; а неговата чета, глутница, дечишта, одеше по него и го обожуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Со малку напор можело да се види дека од небото висат клобуци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)