клоца ж.
клоца несв.

клоца (ж.)

Сите се туркавме и се пикавме што подобро да го видиме, но двајцата овчари што го водеа замавнуваа со клоци и правеа простор околу него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но стариот легна во дворот и ги зачека клоците од забитот и војникот што зборуваше по каурски и почна да писка и лелека.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кметот пламна со стиснати заби: - Надвор! Да не те видам повеќе! ... Излетав како удрен со клоца. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некој чадор од зад грб или клоца по празен машки газ?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но кожарот Аврам Сујак ги маваше со стап или со клоци и им помагаше на војниците во дерењето за да си ја земе кожата а и за да внимава да не се оштети.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Офицерот го фати за уво, ја отвори вратата, му удри една клоца и му викна: - Хинаус!** - и го истурка надвор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Некој го удира со камен или со клоца и кучето со квичење бега под куќа. 194
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите се собраа околу него, но место одговор продолжија да плачат. – Да не сте писнале зашто со клоци ќе ви ги истурам цревата – викна силно момчето околу кое се собраа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со кого се среќаваше во сонот, копилешке низаедна, ќе рече и ќе размавнува. Со клоци ќе ме истерува од дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со газдата на дуќанот не се бакнавме, ама не ми удри ни „сиктер“ клоца дека му доцнам само три месеци со наемнина, ама има разбирање за мојата финансиска положба, а и јас за тоа што не беше срдечен со мене, а и незгодно е, многу ми е ачик дуќанот, па ќе види некој, па од несвидлак ќе ни извади муабет... па после, бруки и срамои!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Продолжуваше да го удри со клоци Наќо по мевот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сигурно го удриле со клоца, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но ако го подбереш со клоца, ќе се скрие зад некое ќоше и отпосле вреска.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Топовите пукаат подрипнуваат. Се враќаат назад, фрлаат клоци задници. Послугата ги враќа назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А не е тоа тропање, туку и удирање, небаре со секира, со кундак, со клоци. Едни удираат на малата други - на големата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се фатија некои и раце со раце да се борат; маваа со клоци, со глава по нос, касаа со заби, но напаѓачите беа двојно повеќе и сите вооружени, та никаков изглед за спасување немаше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
-Море нас нѐ удираа и со кундаци и нѐ маваа ем со стапови, ем со тупаници и клоци... По кај ќе стигнеа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тројца ли, петмина! Не знам. И ме грабнаа да ме тепаат. Со стапови, со тупаници, со клоци.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Па уште толку да сме, не би можело наполно да заведеме ред: едни внатре продаваат, а други како кучиња пазиме пред вратата или вртиме наоколу и мавтаме со клоци по оние „бузовци“ што се вртат крај колибите преправајќи се дека нешто загубиле или пак се бунат дека се излагани.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе