кожурец (м.)
Значи, ветериштата се тие што го носат островчето завиено во сивиот кожурец на своите магли.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
На најмалово и најневидливо островче, кога ќе се отвори некако магливиот кожурец и малку ќе заблеска на сонцето, заблескува и фасадата на прекрасната палата на волшебникот Желбоноско.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
На крај го фати за врат еден ‘рмпалија, за да му остане нему што беше од републичко ниво во рацете само кожурецот, а тој да се прпелка како бубалка потаму по затвори, судови и логори.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И беше сум заспала, ко свилена буба во кожурец.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ноќта беше само дебел и тежок кожурец на осветлениот салон.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Легнувам, а мислам дека не сум легнала, дека сум се свиткала некаде високо над рогузината, над ложникот. Како црвец во кожурец.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се собирам ко кожурец.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега сум исмукан кожурец со душа во носот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ништо, јас така само си се собирам, ко гасеница во кожурец и молчам. Си ги подголтнувам зборовите, навредите, сѐ. И се кинам од работа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Редуктивно извлекување од себе сѐ што е скриено во ходниците на потсвеста, подвижни слики кои се премногу ранливи и приватни, проживеани, срамежливи приказни, соголување на душата од тврдиот кожурец на времето, ослободување од напнатоста и драмите кои сами ги создаваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Како да излегол од кожурец: бил подвиткан, сиот во некој трепетлив грч, навидум слаб да се движи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега сум во стадиум на ларва, обична гасеница во кожурец.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Гледај, ти велам, шприцот ја влече течноста од стаклениот кожурец. Жедно ја пие. Жедно до грло.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Добро- зло? Нејасно се зачна ова прашање во мојата свест затоа и одговорот јасно не можеше да го исчепкам од кожурецот на мачењето.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Иако сега е скриена во кожурец, таа полека се преобразува и набрзо ќе полета.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Точно е, јас `рзнувам“, претече во него се. „И лајам како мачката на еден Каин и еден Авел.“ „Па?„ Адвентистот гледаше во него, во својата смрт, беше слаб и набиен в кожурец на неизлез, беше бессилен дури и да помоли за милост.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
-Свилена буба, гледаш? Само таа знае знае да си го сплете својот свилен кожурец околу себе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Конечно таа ја подаде раката и таму, на нејзината мека дланка, која на сончевата светлина блескаше како предено злато, имаше прамен коса свиткан во топка, како кожурец.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)