колар м.

колар (м.)

Коларот рече дека таа вар ја носи кај Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ се одвиваше неконтролирано и со секој миг местоположбата на мажот и жената во колата се менуваше а и коларот мавташе со рацете бидејќи изгледа ја испушти уздата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа секако, некаков бавен полуслеп коњ влече чкртава кола и го тресе стариот колар и самиот бавен и полуслеп, со многу иње на обрастеното лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Коларот сепак успеа да скокне од колата и веднаш потрча кон главата на коњот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Раката на коларот што го донесе сандакот како да не ја држи уздата туку поткренатата муцка на коњот додека го влече по угорницата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Штом ќе ја сетеа по кроткоста и тишината која пред неа одеше, ќе ја оставеа работата дуќанџиите, пиљарите и касапите, коларите и браварите, ќе брцнеа по џеповите и ќе ѝ подадеа некоја паричка како за среќа, како камче против чинка, како прав против урокливи очи и баксузлии жени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одат ќумурџии, колари, одат по пазарите во Битола и во Прилеп.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите ликови, сите оние брадести оклопници, сите ковачи, колари, стражари, трговци, што тој преку своите мисли ги населуваше во таа древна населба, сега му откажуваа послушност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За она што не ќе можеме да платиме, ќе работиме. Качари сме, колари, казанџии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа, секако, некаков бавен полуслеп коњ, влече чкртава кола и го тресе стариот колар и самиот бавен и полуслеп, со многу укит на обрастеното лице.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Делкавме главини, лактишта, спици, ражништа, растоки, јареми. И сите работи што им требаат на коларите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Змејко му свика на коларот да растовари под него, но оној како да не го чу. Тој замина нагоре по сретселото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Куршумли-ан беше некогашен само карван сарај и тој, како постар од доаѓањето на Турците, ги примаше дотогаш само карваните со занаетчиска и трговска стока, а бидејќи во негова близина се наоѓаа колари, амџии, самарџии и јажари, тука беше многу погодно да им се дадат разни услуги на патниците и да се изврши размена на изморените коњи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неочекувано удри гром. Еднаш, во недела, во куќата на коларот Дојчин писнаа сурли, бесно и непријатно зататнеа тапани.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таков човек каков што е овој колар беше мојот старец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таков човек каков што е овој колар беше мојот старец. А отаде заедно со моето детство. Го прогонува - и не пукаа во него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа сега немам сили да погледнам кон прекорот во очите над мене и не сум сигурен не ли е тој колар мојот старец прогонет заради моите долги панталони.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На попот и на коларот, и на некои кои останаа тука, им се стори како брзокрил ангел да пролета, како молња која бесшумно се одалечила од гробишата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе