коленичи несв.

коленичи (несв.)

Гледајќи го својот земски бог погледни малку во бедотијата своја ништожен поданик, нималку вреден жеден за внимание, беспомошен слуга Коленичиш пред тој изрод и крвник во твојата внатрешност сѐ е пусто обезличен дух на обичен смртник со мирис на катран и горчливо чуство
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ја прибра левата, па десната нога. Се сврте и, коленичејќи, стана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас секоја ноќ коленичам и молитвам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дали и таму помислите се престоруваат цртежи Препознатливи како и пораките На немата молитва на жената што коленичи Уверена дека светлината од иконата Ќе падне во скутот на нејзината осаменост?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Потоа тие ѝ рекле дека е недостојно член на Партијата на здравиот народен дух да си дозволи да коленичи и да моли некаков недеклариран изрод, кловн од прв степен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш ѝ рекле: дотолку полошо; тогаш ти си коленичела пред некаков простак.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неколку жени, избезумени, коленичеле пред капетанот барајќи спас.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Утринава го прашувам монахот: - каде е сестра Ефимија? - зад молитвата е, вели, коленичи пред Света Дева и ја моли да го надои јаренцето што се врати болно од пасење...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Влегувала и со часови не излегувала. Дали молитвела, дали коленичела, дали липала и ја оплакувала својата судбина, никој не знаеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бродот ќе ја однесе мојата душа во новиот свет во времето кое наближува, јас ќе останам во времето минато за да коленичам и да молитвам чекајќи го Потопот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Прости ми, мајчице мила, и Богородице - двете простете ми... - се струполи небаре коленичи во молитва за стореното прегрешение.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Да коленичи пред нашата јунаштина зашто од нашето молчење ништо пострашно нема, нашата пепел посилно од сите ветришта јачи.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тргна на пат кон „Крстот“, 23 километри оддалечен од градот, да молат, да коленичат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јани, коленичејќи, па ченгелот обеси ѓумче и почна да дува во одвај разгорените огпичиња, плука настрана, со валканата дланка, ги брише солзите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Разнесеното, распрскано човечко стадо ќе биде повторно собрано под заштита на еден немилосрден натрапник, вид планетарно чудовиште пред кое нациите ќе коленичат, немоќни да се побунат пред диктаторската екстаза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа ќе те сретне вториот сосед и ќе те праша дали со тебе долетуваат или сами од себе се појавуваат од земја камените глави од Месопотамија, глинените садови од долината на Нил, бронзениот лик на Ацтечкиот крал, амфората во која се криел синиот тамарис на Сафо, мермерната плоча од Анталија, црвената грутка од Долината на монасите од Кападокија, молитвениот камен од Радика во кој и сега коленичат Богомилите, црниот камен од вулканот на Санторини, или шарата со проклетствата на Перун од Ел Тепе?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секој ѕид и секој камен го престориле во молитва и писмо и сега коленичат пред нивниот најмлад Бог Молоховски пеејќи му: О, милостив боже за извесно време избери си друг народ зашто ние сме веќе изморени од смрти и трупови и немаме веќе молитви наш милостив боже за извесно време избери си друг народ!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)