колибар (м.)
Денес в село сите ќе се соберат и колибари, и отселени по градовите, па дури и од Америка ќе дојдат...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се изнагостија убаво, убаво, преденуваа на другиот ден; вечерта појдоа дома кај дедот Паленѕа, Бојка, Стоја и другите колибари што ги хранеа по Раец и Рамништето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Утредента и дедо ми и дедо Иван и други некои колибари се собрале, па убаво ги закопале несреќниците. И облеката веќе им била згниена.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Неговите најдалечни, сигурни знаења допираа до некој си дедо Велко, кој бил колибар, но и ајдутин, па на ајдутски начин и го завршил својот живот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бојан не се изненади многу од тоа, зашто му беше познато дека повеќемина колибари чуваат скриени пушки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)