коментира св. и несв.

коментира (св. и несв.)

Анализирајќи ја музичката структура на поезијата, Соломон Маркус во неговата „Математичка поетика“ коментира две во основа противставени теоретски стојалишта: едното е дека звучната убавина на стихот не може да делува независно од смислата која ја имаат зборовите во песната и дека звучната релевантност вон лексичките и граматичките морфеми всушност и не постои.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сметаме дека тоа ќе биде доволно за заинтересираниот читател да може самиот да ја провери промената која е коментирана.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој пропис му се допаѓаше зашто му даваше и нему можност да се правда и му ја смируваше совеста пред недоверливите погледи и замолкот на пријателите што таа политика не ја одобруваа, но во напливот на суровите времиња не се ни осмелуваа да ја коментираат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За секој кариерен дипломат ова можеше да биде убав момент. Не коментирав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зарем не беше запишано на паноата тоа што сакаа да ни се порача, во списоците за убиените свештеници и верници, па сега мораат и гласно да се читаат овие имиња, да се коментираат нивните дела, со различна интонација на гласот, во зависност вината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаа уфрлено и свои доушници на власта, божем козари меѓу вистински козарите на кои им читаше и коментираше слободоумниот и храбар Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа јаде и коментира колку е фантастично јадењето, како досега не пробала такво нешто, како тој феноменално готви и како тоа е толку извонреден квалитет кај еден маж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Често гласно ги коментираше значајните вести, небаре влегуваше во разговор со отсутните говорници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка која никогаш не ги коментираше вестите, постојано нешто плетејќи крај Татко, повеќе за себе рече: Дај Боже да врне во Виетнам...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние повторно ништо не коментиравме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не коментирав ништо. Сестра ми јави дека стигнала болничката кола.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Публиката ја коментираше рамнодушноста со која тројцата обвинети ја ислушавме пресудата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се разбира ќе успее да ги доведе работите во ред, но нема сигурно да посегне по позитивното политичко наследство на Бургиба, во тоа сум апсолутно сигурен - ги коментирав неговите зборови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика: – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои стекнаа светска слава, а некои се повлекоа или се занимаваат со коментирање на туѓи партии по шаховските рубрики (тоа се шаховски критичари).
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Подоцна, кога во едно интервју Дишан го коментираше ова патување објаснува дека патувал во главниот град на Баварија во посета на еден сликар на крави кого го запознал пред неколку години во Париз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Значи, местото на таткото на детето кое му се жртвува на јаничарството го зазема императорот? коментира Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одличен показ за демократијата на печатот, би коментирал некој западен грижољубец за ослободување од „прангите на едноумието“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Никој не се мурти, никој не коментира, сите сложно кимаат со главите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Чита, коментира. Мора да ја исполни предвидената норма за брза, инстант индоктринација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе