композиција ж.

композиција (ж.)

Композицијата е генијална и е во остар контраст со мрачните претчувства што го исполнувале неговиот ум во тоа време.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Композицијата понекогаш има оперски карактер, додека текстот повикува на свечен и религиозен, како во пасиите.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Во исто време имал в рака музика за пијано, песни и студии по оркестарска композиција.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Неговите композиции сега навестуваат мисловност, носат моќ која поттикнува размислување, особено видлива во моралната димензија.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Цели железнички композиции не би биле доволни германските музеи да се исчистат од тој шунд.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дури сега сфатив колку е убава целата таа композиција од зборови и тонови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За ваквото гледање на двата случаи веројатно придонесуваше и чудната композиција на возот што татнеше низ мојата глава, а во таа композиција вагонот што го претставуваше случајот на Загорка Пеперутката го гледав сместен до оној во кој се наоѓаше исчезнувањето на братучедот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се овиснува на попречното железо по средината на вратата и фрла опул на едната и на другата страна од композицијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој бил речиси почетник во оркестарската работа, но ова дело означува цела епоха во оваа класа композиција, издигнувајќи ја многу повеќе од сѐ што дотогаш се појавило од тој вид.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Драматичното движење, острото делување на шокот поради необичните композициски решенија ги прават имитаторите на природата ограничени ситничари.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога на некој пријател му требале пари, му давал композиции, кои пријателот ги претворал во готовина.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Џинот се смее Никогаш не дружел со толку откачен затвореник Ние сме играчки на релативноста, вели тој со епилептични гестови Инструменти за реализација на сложени композиции Од кои прска умот а облаците воздивнуваат Гледам како растат отровни насади во неговата утроба (На моменти кожата на Џинот станува проѕирна Дури и розовомлечна, како кај Аксолотлот На Кортасар или како статуите на Буда излеани од Кинески проѕирен порцелан).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се испробувал во композиција долги години, но дотогаш бил познат главно како изведувач, а не како композитор, иако честопати свирел свои композиции и имал, како што видовме, голем талент за импровизирање, што само по себе е своевидна композиција и показател за музички способности од највисок ред.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Внимавај на временската композиција. Располагај со сопствен избор во приодот кон сопственото доживување.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Претходните композиции на Бетовен биле сметани за интелигентен производ на еден амбициозен млад музичар.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Најверојатно со ова дело имал повеќе мака отколку со која било друга негова композиција, со исклучок на Мисата во Де-дур.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Ако јамката ја стесниме уште малку, ќе дојдеме до композицијата Раце што се цртаат, во која едната рака ја црта другата, и притоа двете формираат двостепена Чудна Јамка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во нив е овозможен увид во заборавените хиерархиски композиции по пат на архетипските и амблематски одлики на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа се неброени композиции со милиони играчки и разни други подароци со кои Дедо Мраз не може сам да ги справи, се разбира.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе