континуитет м.

континуитет (м.)

Сиот преостанат живот му го посвети на толкувањето на старите сиџили откривајќи ги нишките на прекинатите континуитети на бројни семејства на Балканот, со помешани корења, вери, судбини, семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко не му го откриваше на Климент Камилски својот крунски аргумент за да се откажат од проектот дека турцизмите, односно османизмите во подалечните времиња, останале како единствените сведоштва за историскиот континуитет на различните народи кои живееле во османскиот дел на Балканот, заемните влијанија меѓу балканските јазици кои придонесоа во создавањето заеднички менталитет олицетворен во балканскиот јазичен сојуз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој не разбра дека континуитетот на една олигархија не мора да биде физички, ниту пак застана да помисли дека наследните аристократии биле секогаш кусовечни, додека пак приспособливите организации, каква што е Католичката црква, понекогаш опстојуваа стотици или илјадници години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
11 Неоспорно е дека литературата се движи како и сите уметности во континуитетот кој го овозможуваат врските меѓу одделни автори.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но би било вистинска творечка сатисфакција ако ја нема разликата во единственоста и континуитетот на моето чувствување и доживување на Рацина и неговата поезија.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
XXXVI Меѓу заминувањето и враќањето од дипломатска мисија, посебно на амбасадорите во земјите со демократска традиција, во која дипломатската институција почива врз цврстите принципи на правната држава, но и врз автохтоноста на дипломатскиот феномен во светот од неговите дамнешни почетоци па сѐ до денешни времиња, постои природна поврзаност, дејствен континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој јазик зачува сѐ што сметавме дека е вредно пред социјализмот (од кубизам до надреализам) кога постоеше континуитет на развој со остатокот од Европа од почетокот на овој век.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Континуитетот на нашиот живот се одржува така, што е окружен со цврстата состојба на супстанцата на времето, кое траеше извесен период.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Природата го закорени за најголемиот парадокс крај Езерото: во природата царуваше вечниот, единствен континуитет во животот, а историјата на семејството, на луѓето околу Езерото се одвиваше во најголемиот и најневозможен дисконтинуитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но логиката дека амбасадорот во релацијата со претседателот односно монархот, му служи на народот, а не на режимот, чини и од генералниот секретар посебно одговорна личност на институцијата без запрен континуитет при политичките промени. ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше Игор Лозински на ова Езеро континуитетот да биде покажан барем за стотина, илјада, милион години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тогаш, две години пред историскиот настан, по ништо не можеше да се наслути дека овој тивок, црномурест, млад човек, со сјајна црна коса и благ израз на лицето, ќе ја сврти судбината на Тунис, внесувајќи ја земјата во нова ера, пред опасноста земјата да го изгуби цивилизацискиот континуитет до кој дојде Бургиба. Но за тоа подоцна!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, сѐ додека ја изговара, на некој нејасен начин континуитетот не е прекинат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа дојдени, некои други луѓе во власта кои не почитуваа институционален континуитет како и во други земји во транзиција на Балканот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко посебно го плени Игоровото кажување за вечниот континуитет на животот во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А Бидејќи податоците веќе поседуваат форма, „нашите фундаментални конструкти би биле a posteriori и според тоа во континуитет со другите емпириски хипотези”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Постои континуитет, но и дисконтинуитет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Управувачката рака врз кормилото претставуваше стабилност, трајност и континуитет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Големите империи во основата трагаа по воспоставување нов континуитет со нова војска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе