контрадикција (ж.)
Молам? Џубокс со само една плоча? Тоа е флагрантна контрадикција.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како што беше истакнато во првиот дел, материјалното ослободување на филозофското злато од простите метали е метафора за психолошките процеси со кои човекот се ослободува од основните животни контрадикции.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Да се искуси границата со сите нејзини контрадикции, но и нејзиното изобилство на живот, значи да се практикува толерантност, коегзистенција и живот еден крај друг и покрај нашите разлики.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Бидејќи, за систематично да се поткрепува културата на контрадикции, за едно отворено свртување кон феноменот на масовната култура, за константно да се испитува привилегираната позиција на интелектуалецот, и за да се поддржат демократските промени, мора да се биде изрод, бастард.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од таму, невозможноста повторно да се разгорат огновите од 68-та: да дојде до повторно преиспитување на науката во судирот со самата власт - експлозивните контрадикции меѓу знаењето и власта (или откривањето на нивното шурување, што се сведува на исто) на универзитетот, а со самото тоа, со симболичната (повеќе отколку политичка) зараза, во севкупниот институционален и општествен поредок.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дишан знаеше дека, кога веќе не е можно да се напредува, динамичките контрадикции на креацијата му го препуштаат местото на задоволството, повторувањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Како прво, ми рековте дека контрадикцијата е феномен што се појавува во рамки на една реченица.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)