кооперација (ж.)
Целосно беше укинато правото на странците да засноваат работен однос без дозвола во склоп на деловно техничка соработка, производна кооперација и пренесување на технологија.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Скотје во тоа време ги живееше дваесеттите години од Чикаго. Алкохолот во смрадот навечер можеше да се набави само во локалните кооперации и само ако го знаеш пиљарот да ти дае под рука.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Според планот за изведување на акцијата се предвидувало: формирање на Главен штаб, да се изврши извидување и собирање на сите релевантни информации, да се пристапи кон обука на сите лица предвидени за акцијата и „истражување на активностите и процената на можностите за кооперација со другите герилски групи во областа“. 63
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Татко среде златарската улица му го покажа местото каде што се наоѓаше некогашната златарска работилница, кооперација, во која работеа прославени мајстори филигранџии, Албанци католици, кои со текот на времето како да одлетаа со нивните чудесни сребрени пеперутки во далечините на егзилот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Исто така, тој сметал дека „Балканот мора да ја сфати глобалната смисла на оваа војна, а тоа е дека ние мораме да создадеме слободен свет во кооперација со трите големи сили во слободниот свет – Русија, Велика Британија и САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Потребен е долг период да секој си ги најде своите гранапчиња, кооперации, јемиши, мешпајзи и зарзавати.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Враќањето во родното Трпејца беше еднакво на самоубиство и подразбираше занимавање со рибарство или пиљар во локалната кооперација.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Кај си бе Трпе, се ожени и си еба мајката - му довика неговиот другар Климе, кој со останатите соселани кркаа контаминирана салама и пиеја пиво пред селската кооперација.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ние организираме задруги, тие ги бојкотираат, ние создаваме кооперации, тие ги бараат дуќаните.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се сетив, ете баш во тој миг, масичето ме потсети, задржано од старата кооперација, можеби за да го избегнам барем во моментот неудопството, се сетив на онаа мала свеченост пред повеќе години, во времето на големата инфлација, кога парите добија многу нули.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Да, истото она дете кое со Свирчета, со другарчето, дамна во детството, со една книжна двадинарка, со денови, потоа со недели и месеци, се качуваа горе кај онаа стара кооперација, државната селска продавница, за да купат една бишкота, она што денес го викаме, наполитанка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)