копанка (ж.)
Ќе ручаме а тие ќе шлапкаат ко свињи во копанка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А утредента, додека тие ги носеа првите копанки нагоре, по скелињата, а еден мајстор најгоре пееше „Поминуваш, Јано мори, заминуваш, ми се смееш, Јано мори, не ми зборвеш“, оној доаѓаше до Башмајсторот, кој стоеше веднаш до нивното корито со малтерот и тие можеа да чујат сѐ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не пласкајте со устите, се врти татко кон децата, не јадете од копанка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Гаснеме вар во дупки, во котли, во корита, во копанки и варосуваме сѐ: и собите и вратите и праговите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но животот, што почнал така, зел да одминува, се затркалале една по друга годините, а далчниот свет како да ги цедеше преку триста сита добрините, што можеше да му ги искамчи за себе со своите ноктиња еден таков ситен, загубен човек од планините, останат калџија во мајсторските тајфи до својата четириесетта, по скелињата, со рамото, што му паѓало сѐ пониско од тешката копанка, што ја искачувал нагоре по тие дрвени конструкции, од под кои, како пилето од под лушпата, еден ден се излупувало и почнало да живее едно ново здание, секогаш наново, во бескрај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Језекил имал многу такви денови, а неговото рамо било така сништено, што се чинело дека носи некаква невидлива неминовна копанка со малтер, под чијашто тежина се ведне, дури и кога поминувал по сокаците на селото, доаѓајќи си како туѓоземјанин, вратен од светот, со печалбата врзана в крпче, скинат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но сега знаеше дека му е намалена храната на другото јагне, рожбата на овцата, па веднаш донесе во копанка солени трици, ја издвои овцата која отсега повремено ќе требаше да дои две јагниња ѝ ја даде оваа додатна храна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Малтерџијата беше едно вредно, здраво момче, косата му беше станата целата златна од сонцето на изминатото лето, имаше бакарни топки мускули на рамената, идеше кон Језекил со својата копанка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во еден агол распосла слама, го положи јагнето, а на овцата ѝ стави во дрвена копанка да јаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И полнам котли вода на јазот, редам дрва, дувам во огнот, барам сапун, црпка, копанка, и си ја слушам душата. Ја слушам и ја збирам. * * *
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Копанка во која се пече Зрното, денот и лебот Водата- вирче, огледало, За ѕвездите меко седало, Сонце крај што угреало.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Загреаниот, раскашавен леб, го истури во една копанка и ги намами кучињата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)