коприва ж.

коприва (ж.)

Потта ко коприва нѐ штипка со јазикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Копривите така убаво знаат да боцкаат голи нозе!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам во коприви ми се тркалала главава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некој како да ми ја потргнува земјата, како да ми ја истргува од под нозете. Ме опчекува една широка темница и сум се плеснал на земјата. Крај патот. Во бозјето, во коњскиот пипер, во копривите сум се плеснал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само што не бев доволно умна за да си замислам како се чувствувавте додека ја минувавте полјанката со коприви!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ми се запалува лицето. Некоја коприва ме журка по образите нагоре, и ми забрчува главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тогаш се знаеше сѐ: кога се зајадува месо, кисело млеко и маштеница, кога полжави и коприви, грав или риба, а кога маслинки и жива манџа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Питите ѝ одеа малку потешко. Ама со годините и времето научи да го стегне кр’нгот и в раце да го заигра сукалото под кое добро измесеното тесто се сучеа кори за пита со пресул, со праз, со кастици, со кромид и свинско пржено, пита со тиква, со урда и праз, со коприви, со корки мешани со урда и јајца... сучеше и кори за бурек плескан со по четири или пет кори со урда, сирење, бурек виткан окол-закул со сирење и кори за бурек - плетениот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не, ова не е некое пусто место (во нас пустините се дамнешни болести) Под јазикот на змиите расте коприва а ветерот е питом како ѓурѓовденско јагне.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Онаа Илинка, жената на Крсто касапот, не знае ни доброутро да ти рече, ни добровечер, а со неа разговор да поведеш како по коприви боса да прошеташ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе им наберам киселица, штавеј или коприви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај колковите, на бутчињата, гледам сета се ишарала. Небаре коприви да ја журкале. Ме пројаде јанѕа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Налактен на колената и со брадата и устата втиснати во вкрстените збрчкани дланки, молчи и натажен поглед има вперено во дворот обраснат со коприви и диво зелје.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но многупати знае и да побесни од лутина и да вреска по мене: „Откорнатик! Антихрист!“ - замавнувајќи со стап и со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Родени се за секакви игри: може да се игра и „прескакулица“ и „јавана“ и „солно-месо“, а и девојчињата да трчаат по браздите по цвеќиња или да се бркаат врескајќи како некој да ги дави или да им фучи со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Едо писателот со погледот како да бараше начин да ги расебети капињето од скребите, копривите од малечките, папратта од базојчките, блостурот од шиповите...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Како и дедо ми: ако треба за стомак, вари: коњски босилок, суви дренки, шипинки, лисја од коприви, пелин...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Човек, во делничните денови, уште од раното може да види орачи во полето, деца кои напасуваат јагниња во никајците и овчари кои по ридиштата напасуваат стада, а во неделите и женската челад која по ендеците и меѓите собира полжави и коприви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе