кордон (м.)
Кралот, кнезовите и министрите се сметаат за извонредно почестени ако го добијат големиот кордон на Абдул Хамид...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Излеговме и ние од свечената сала. Надвор, до излегувањето на последниот присутен на претставата, останува полицискиот кордон.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пред библиотеката кордон од полицејски стражари беше ја заградил до ѕидот една група од три-четириесет души.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
По нив аскерот, a по него се спуштија четниците и уште со понекоја запазена бомба го скинаа и овој кордон, како оној на Маргара.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)