коскен (прид.)
Од тие дрвја се одбивале секирите на дрварите и се кршело железото, од плитко засечената кора се цедел сок по густина и бледомедена боја сличен на коскена срцевина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Штом густата лепливост ќе му го ослободела разумот, околу него си се намалувало, и звук и облик, и тој тогаш не ја стискал коскената дршка на ножот и бил без она свое чувство дека однегде ќе го стаса брз удар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И како што велиме: „на ти врано коскен, а донеси ни златен“ ете ги едни врсничиња од Ангелета мој в гумно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не се спротивстави коскената и јака маса на секот, што во овој миг до мишката, делејќи меса, сосем лесно стаса, и Махмуд пушти грозен крик.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Стариот поп Васил, му пријде со растреперен чекор, со коскените раце го фати за рамо и со скршен глас му рече: - Држи се брате и синко Ѓорѓи... - попот не се доискажа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И ѝ кажувам сега за менувањето на забите: „Врано, врано, на ти коскен, а донеси ни златен.“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мозокот беше издупчен и изваден од своето коскено лежиште, нервите извлечени, како мртви жици од контролна плоча, мускулите истегнувани за да им се измери еластичноста, додека во подземјето на градот, Умот конечно не заврши со своите пресметувања и севкупниот механизам чудовишно и одненадеж не застана. Резултат. Ова се луѓе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Гоце стана. Од појасот извади нов револвер и остра, светла кама, со бела коскена рачка.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ја допирам коскената маса во тебе што гори, Сакам да сум буква од танцот, еднаш бар.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
А Загорка Пеперутката тврдеше дека гипсот не ѝ е ставен за да го потпомогне заздравувањето на коските. Таа немала ниту една коскена скршеница.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И огромен куп очила: со метални, коскени рамки, цвикери, монокли, понекој бинокл, различни диоптри.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ќе мора, без пардон, да се измолкне од ланецот на патријархалниот дух, со којшто е „вланчано” ова општество, мора посмело да го истакне своето природно право, и тоа на живот, нов, сложен, богат живот, со сета уста мора да објави „Да живее животот! ”, на тој начин заглушувајќи ја страшната старечка коскена треска од која чкрипи, штрака и одекнува, со својата последна сила, „Viva la muerte!”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ги препознавав кај овие луѓе сличните генетски облици, макар што кај постарите уште малку живот беше останало во нив, со кожа најчесто силно припиена за коскените облици на лицето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)