краснопис (м.)
Лета јастреб на летното небо
под нечитливиот краснопис на зодијакот
најпрвин во кругови широки и нагли
како скришни помисли
потем сѐ поситно, опсесивно
запира на родното дно
наспроти сѐ друго што и натаму се врти
околу својата замислена оска.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
По краснопис секогаш имав најлоша оценка во класот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Мајчина душичка
- упатство за чај –
Се пие вудве или насамо
но не претерано често
се зоврива, по правило покриен
во земјени, бронзени или керамички
садови, дома
во таа топла и задимена чајџилница
на прекипнувањето:
преку, отаде, и пред тоа, и потоа;
потпивнувај, загревај се
додека е жежок
додека си желна
шмркај, шмукај (наши сме)
напари се
задржи го колку што можеш подолго
в уста, шлапкај со јазикот
миризливоста, сладоста
и краснописот на длапката
да ги сети-ш;
дотурај пополека, измешај го со лажичката
желба за чај – жалба за младост
секоја планина – своја падина
потсркнувај
чај – Бах
чај – Жар
чајни печива
мед и путер;
чајот не се пие од-нога
пиј кроце, голтка по голтка
г’тка по г’тка
меѓу редови.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сега би напишал и стотици, илјадници зборови, за малкуте зборови што требаше да ѝ ги напишам, од моите чести и некогаш мошне долги престои далеку од неа, во моите долги дипломатски години, како одговор на нејзините писма со нејзината душа, напишани со чудесен краснопис, учен уште во нејзиното детство кај француските лазаристи во Солун.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во нејзиниот ракопис, според моделите на францускиот краснопис, кој со векови се учи во училиштата во Франција, се криеше времето на учењето кај лазаристите, во Солун, се криеја новите настани, кога Мајка го штитеше својот ракопис во долгите периоди на нешколување, соочена со големото семејно бреме, да нѐ одгледа, да нѐ исчува, да нѐ спасува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Филозофот ја држеше свеќата и гледаше во чудниот, ситен краснопис на отец Мида.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако не знаел, зошто тогаш последните зборови до мене, кога заспивал во Господа, во светлозрачниот Рим, на четиринаесеттиот ден од месец февруари, на вториот индикт од создавањето на светот, шест илјади триста седумдесет и седмата година, ги запишал на писмо, на книга стуткана, со својот ситен, неубав краснопис, и рекол: „Ова да му го дадете на отец Иларион.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Даскали нема, има наставници, а со краснописот сум „скаран“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)