крајезерски (прид.)
Сите променети во сведенско руво - дојдени од трите крајезерски села го исполнија црквичето.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И тие, козарите беа откорнати од своите огништа во планините, како и ние од родниот крајезерски крај.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Само крајезерските куќи, оние што беа цапнати во езерото, беа ослободени од ова снежно заточение.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Овој огранок на едно од шесте најголеми семејства во Албанија (барем така се веруваше во семејната легенда), по престојот во Влора, на крајот ќе се најде во Тирана, обединето но без Мајка, која ќе следи друг пат на судбината, мажена кај Сул-Старови, кај друго големо семејство на Албанија, во крајезерскиот Поградец...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Минавме крај гробот на славниот крајезерски поет Лазгуш Порадеци, еден од великаните на албанската поезија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И покрај заслугите што ги имаше во борбата против фашизмот и домашните предавници, Трим Тоска, по војната, задолжен од Партијата за „братството и единството на народите” во крајезерската земја, не беше без амбиции еден ден да помине и во Републиката, според поволниот клуч на малцински структури, на некоја висока функција, токму во времето кога и децата ќе стасаа за студии.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Судбината му се смилува. Се оддалечи од Тирана, за да работи како адвокат во крајезерскиот Поградец.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Слушнала на млади години, поминати во крајезерскиот град дека еден нејзин сограѓанин поет, шетајќи крај езерото, зборувал сам со себе. Тој така ги составувал своите песни.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
ЦРКВИЧЕТО - едно за трите крајезерски села се исполни за вечерна богослужба.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Знае дедо попот да каже зборови што ќе се паметат, што ќе го крепат народот крајезерски.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Никогаш, дури ни при бомбардирањата на крајезерскиот град за време Втората светска војна, кога татко ми мораше да замине на едно од своите таинствени патувања од кои се враќаше дури кога ќе се утврдеше едниот или другиот окупатор, мајка ми и постарите браќа не го беа виделе позагрижен, повознемирен.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И ние, поголемите, а и помалите деца, а главно бевме сите мали во италијанско - грчката војна, во крајезерскиот Поградец, не го разбиравме вистинското значење на развеаните знамиња, час од една војска час од друга војска.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Во старо време во крајезерскиот град имало триста шеесет и пет цркви; да можат луѓето секој ден во годината во нова црква да се молат...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Изутрината Мил го разбуди порано за да го пречекаат на џадето автобусот што тргнуваше од крајезерскиот град.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)