крвен прид.

крвен (прид.)

Колкав им е крвниот притисок и шеќерот На белосветските хуманитарци Кои на зајакот му велат да бега на ловџијата да пука И кои за своите самозададени мисии Папагалски повторуваат дека се мостови меѓу Исток и Запад?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Комунистичкиот режим со драконски мерки речиси ја ослободи земјата од жртвувањето низ крвната одмазда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сум сакал да ја вратам крвната одмазда од пред не знам кој век.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сум чула дека тоа цвеќе било лек против покачен крвен притисок.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Негативни искуства: може да предизвика главоболка и треба строго да се одбегнува од луѓе кои имаат низок крвен притисок, анемија или проблеми со срцето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Извршителите на крвната одмазда беа ликвидирани без судски процеси, станувајќи дел од трајното жртвување на Балканот во најразлични облици...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Националистичкиот кич ги прокламира своите темелни идеи: национален суверенитет и привилегираност на единката втемелена на соодветна крвна група.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зошто од пријател добиваш непријател крвен, а никогаш не си бил во крвно сродство со него?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Големи дози на ПЦП можат да предизвикаат екстремен пад на крвниот притисок, крутост на мускулите, губење, кома и смрт; жестоките агресивни испади се исто така чести.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога утредента се разбудив, ја почувстував топлината на течноста до подбрадокот и заклучив дека некој крвен сад од носот решил да излезе од системот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Врзани сме со неа ко крвни садови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го повишува крвниот притисок и поради тоа не се препорачува за луѓе со висок притисок.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, - вас ќе ве дочека смело, со божјата помош во борба со душмани крвни в крв ќе запечати дело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ми се крева кожата и ми се собира, ми се стегаат крвните садови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сина крв тече низ сите крвни садови. Тоа е аристократијата на мојата душа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Гледај го телово во кое монисти од твоите прсни допири сплеле набрекнати крвни садови.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Навистина, за мене би било многу понизно да земам жена и се сродам со еден мој крвни душман.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во некои случаи е можно дрогата да индуцира напади на паника, несоница, депресија и бидејќи го зголемува пулсот и крвниот притисок, луѓе кои се осетливи на овие ефекти, сериозно можат да се разболат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не ги знаел будистичките вештини и болувал од висок крвен притисок.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе