крива (ж.)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нејзината заблуда со лесно можни криви за овците живи да посегнат да пасат ја фатив во својата лична премиера јас испарив во привид над овцата со вера во кошмари само со сенката касам и никого нема овде да ме стаса. ...
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
За разлика од кривата на владетелите, со јасна линија на подемот и падот, Арафат ќе оствари повеќе такви криви на владеењето, со чести полети и падови...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оваа дата ја сметаат за апотеоза во неговата политичка кариера. Врв на кривата на владеењето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја следев кривата на неговото владеење, која требаше да заврши во слободна Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се сеќавам на еден фрагмент од еден од многуте разговори со Јасер Арафат, кој беше индикативен за метафората на кривата на владеењето: - Најсреќниот ден во животот? - Јас сѐ уште не сум го доживеал...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кривата на траењето на владеењето често излегува од орбитата на историјата, предизвикувајќи фатални последици...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но и Арафат не можеше да биде исклучен од шемата на кривата на владеењето, колку и да беше нејзиното извишување подолготрајно и понеизвесно во светот, насочено кон својот крај во слободна Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Следејќи го владеењето одблиску во медитеранските источни пространства, како амбасадор, имав прилики да се соочам со владетели кои во владеењето ја избираа првата линија, која би водела неизбежно кон напредокот но и други кои се препуштаа на свиоци кон непознатото, неизвесното, со обиди да ја извишат кривата на владеењето повеќе од нивната реална моќ...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тогаш под крушата се населуваше и Ката Кривата. Таа беше една малечка, крива жена, што ја бранеше крушата од враните и од палавите деца.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Изборот и поредокот на неговите книги во библиотеката требаше да ја претставуваат највисоката точка и падот, односно кривата на егзилот, како излез и спас.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Идеалите на оптимизмот кои најсилно ферментираат во младоста, во кревката душа која верува во сите можни апсолути, кои ги пластев учејќи ја и читајќи ја француската книжевност и филозофија низ нејзините доминантни преставници, кои во мене ја извишуваа моралистичката крива, картезијанската логика, откако го открив Сјоран започнав да се сомневам во нив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Всушност неговото владеење се одвиваше низ повеќе криви, секогаш осуден на нов почеток до крајот на својот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И почнуваше ерата на нивното владеење, падот на кривата, немоќта, која не беше симетрична со залетот кога се стремеше да ја заземе власта!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Можеби дипломатските години ќе завршат во роман, како дел од мојата семејна потрага, во која ќе се вмешаат и главните ликови, владетелите кои трагаат по својата татковина, ја откриваат, ја присвојуваат, на крајот ја изневеруваат, сакајќи да служат отаде реалните можности, да се извишат над кулминативната точка на кривата, по што неизбежно следи падот, како и при возвишувањето на империите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да бев и јас во залетот на кривата на мојата дипломатска амбиција, макар што бев свесен за лимитираната улога на амбасадорот, со кого вешто раководеше Централата, а го надгледуваше семоќниот шифрант Петар Иваз!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Конечно кривата на егзилот го означуваше својот пад, започната да се оцртува во животот на семејството пред точно шеесет години, кога тоа беше осудено да го напушти семејното огниште во ова исто гратче и да се најде на другиот брег на езерото, на брегот на егзилот...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)