крмак м.

крмак (м.)

И ловецот тогаш ќе ја крене пушката и ќе го застрела крмакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пак ќе се крие во шумките, во заветното и ќе чека да се појават мечката и крмакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам само дали сум крмакот или мечката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крмакот ќе ја убие мечката, а ловецот ќе го застрела крмакот, и така со два улова ќе се врати дома, велеше татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А крмакот тогаш гровташе легнат во таа калта во дворот мој, каде што жена ми ја истура нечистата вода што не ѝ треба.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Другиот ден пак така, велеше, мечката ќе влезе до потокот, потоа ќе се јави и крмакот, ќе го намириса воздухот со чурилката, велеше, ќе осети дека уште некој има тука некаде, и ќе загне кон кај што го води носот, по миризбата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мечката ќе се подисправа, ќе крева камења и ќе се подисправа, велеше, ќе сака да го удри, да го погоди со каменот, ама крмакот е само пред неа, зад неа, покрај неа, в жили, ќе фрли подалеку од него, и така, ќе се умори, или ќе се уплаши и пак ќе се качи на буката, велеше, и ловецот скришум тоа ќе го гледа и пак не ќе се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Чинела дојди мечката на потокот, велеше татко, да се напие вода или да се искапи, велеше, а крмакот ќе се затрча и ќе ја шибне одзади со секачите, со 'рпалата и мечката ќе рипне, велеше, ќе почне да бега, ама дека нема многу време за бегање, велеше, ќе се качи на една бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А крмакот кус и фатен во вратот, велеше, не може да се исправи, да ја досегне, велеше, туку само ќе грофта околу буката, ќе тупа со нозете и под него ќе татни земјата, планината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И се сеќавам на борбата меѓу мечката и крмакот, (нерезот) што се караат за едно поточе вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш, тој крмакот скокна од местото и јурна по дворот. Тоа мене од памет ме извади.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И отако ќе си замине крмакот, ќе слезе и мечката од буката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сега снегот воопшто не врнеше и Змејко можеше многу добро да си го замислува тој грамаден сам крмак, тоа ѕвере со по два заба, вкопани напред во белината, со една огромна снага, по чии скокови земјата сета татне, како се пробива во мугрите низ неговата долина, споро, плавно и без скршнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И пак ќе почне едно давење, грвалење за водата, за потокот и мечката одново ќе отрча да се качи на буката, велеше, ама буката ќе падне, заедно сосе мечката, велеше, и крмакот, засилен, ќе ја дупне во мевот со секачите, со ’рпалите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку што водата е погорешта и колку што крмакот е уште топол, толку полесно ќе ти биде да му ја орепаш кожата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Жено, ѝ подвикнав јас на таа жената моја. Зовре вода­ за крмакот? Ја прашувам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Зашто штом го заколеш крмакот, треба веднаш да го попариш со горешта вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мечката ќе рика, а крмакот ќе квичи, ќе гровта, велеше, ќе се подисправа, ќе ги чепатат вилиците. 65
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од крмак е подрчен. Затоа го викаме Крмакот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А чорбаџиите, големите, нека јадат големи работи, крмаци, волови, биволи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Повеќе