кундак м.

кундак (м.)

Го доближив кундакот до образот и го пронижав кај што се држеше со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На воденичкиот ѕид секогаш висела долга кременарка со изрезбан кундак и ги поучувала копуците да не му се спротивставуваат кога ќе ги заборавел поранешните спогодби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Образот му беше стиснат до студениот кундак на пушката, а прстот беше затегнат на чкрапалото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кундакот ѝ е закачен в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Борис Калпак го легна дното на пушчениот кундак врз штотуку отворен мравулник и рече дека ќе го избрише од дружината кога ќе му ја остави главата на камен да си играат со неа ноќе лисици и лисци, да ги учат малите лисичиња како се глодаат коски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јоле гледа колку е времето и го распалува со кундакот в плеќи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Денес робовите не добиваат ни пари за хранарина, а газдите ги тепаат со пиштол алудирајќи на охридскиот штотуку полнотелен газда кој со кундак ги млател работничките у текстилната фабрика што му барале плата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Нас со кундаци нѐ тепаа само затоа што си пеевме наши песни, научени од бабите и мајките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И споулавен, некако се спроврел низ трупови и урнатини до грмушки на ридишта од кои со запалени очи гледал како аскерот ги докусурува ранетите востаници и ги закитува со пламен куќите на Негуш, потоа со камшици и кундаци да ги гони низ февруарско сивило пленетите жени и деца кон пазари на бело робје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
3. Пушката е основно борбено оружје. Служи за уништување на непријателот со оган, нож и кундак.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Браво! А од каде знаеш дека овој дел од пушката е кундак? - праша инструкторот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По ударот со кундак во куќата на немата девојка, Лозан Перуника се чувствувал грд и штрбав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Војниците ги симнаа кантите со бензин од камионите и јурнаа по куќите да ги штркаат: пламенот вивна и луѓето почнаа да лелекаат, да се раздвижуваат, да напинаат да го скинат обрачот, но војниците со бајонетите и кундаците ги натискаа еден во друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А не е тоа тропање, туку и удирање, небаре со секира, со кундак, со клоци. Едни удираат на малата други - на големата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пушката завршува со... - Кундак! - громко се слушна гласот на Циљка. - Браво!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Барајќи го со поглед Марка, со изненадување виде дека грдомасниот слаб митролезец на нивната чета, Босанецот Мујо, со својот „шарец“, насочен кон влезот на земјанката, лежеше со кундакот стегнат во десното рамено, окото на нишанот и прстот на чкрапецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоше, којшто, исто така како Толета, располагаше со добра физичка сила, се заврте да го види Толета и намисли да преземе некоја одбрана, но Толе го шибна со кундакот и тој тргна по другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му врза Јандре оглавник на гуша на попот српски и го поведе од куќа во куќа; му тропаше на една тенеќија и удирајќи го со кундакот на маликерот, му заповедаше Ајде сега, Божано, кажи како се тркала стар дедо со стара баба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе