куртули св.
куртулиса св.

куртули (св.)

Кога стигна во цареви дворје Слугите го пречекаа сите Им раскажа за целата тага Имало бог да куртулам од мачната сага.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да се однесе главата кај трупот! — намуртено нареди бимбашијата и се распраша колку души паднаа; има ли паднато некој од аскерите, куртули ли некој од комитите...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама како да се куртулам од овие фараони?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ване олеснително воздивнува. Се куртули од тоа мачно слегување во подрумот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не за друго, туку дека таков редок примерок не прошетал пред нив, а тие треба да полагаат на него и на неговите долги, тенки и дебели кои, ако не куртулат, нема да бидат ни за кукурек.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа ја почувствува нашата возбуда и веднаш рече: – Бомба, бомба падна во нашата куќа! – Како се случи да куртулиме од бомбата!?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така куртулија од вас да имаме, од вашиве маки што ни ги давате.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Само две кучиња се спасија. Не, ќе ве излажам. Три кучиња куртулија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
— Само добро држите да не ни куртули и овој сефер, оти сите ќе ве избесам на црниците пред кашлата! — им се закани јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Радувај се, Циганине, те куртулив од кум сиромав селанец!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Девојчињата им правеа пречки на мајките во работата, та Муарем сакаше да се куртули од нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Лозовите лисја некако кулртулиле од оваа наезда, не толку поради сармичките од лозов лист, колку поради виното од кое, ако не сте знаеле, најмногу светнуваат кубињата на сите цркви во Тоскана, во погледите на белосветските туристички талкачи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мене го дал господ, бре кузум, токо дојдов да се видиме и да куртулам селаните од овие пезевенци, вашите спаии, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Леле, внуко, Ѕвездо моја, како да те крепам, мило? да ми станеш, мила Ѕвездо - ти да станеш - јас да легнам - зашто мене ми е редот - јас да умрам и куртулам - од пустава старост мачна подгрбена, снемоштена, без домаќин - без чедото - сосечено од душмани - стани, мила моја Ѕвездо - мене стара да ме легнеш! - зашто змија ме каснала - отровница, проклетница - леле, злоба озлобена ме раскина, ме парчоса - да си појдам во темната - во темната безденија - мене таму ми е редот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
— Вака, ведиме глава, легнуваме, не и лутиме агите та и тиа послескум маваат, белки ќе прецалејме некако, да и куртулиме баре главите, та за маките и болките, тиа се нави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- За тој расипник! Ене го спие по кафињата, пијаница. Шуто, шуто, јас те куртулив од него!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јас, мајко, тргнав, заминав, куса си пушка нарамив, планина Пирин развила, бајрак се вее сред неа: Јас ќе го, мајко, дофанам, над село ќе го развеам, та ќе те, мајко, куртулам од тоа ропство крваво.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Се изживуваше така цел час, и јас куртулив само затоа што по телефон му се јави чистачката и му соопшти (слушалката на телефонот беше многу силна и тој, колку и да ја притискаше до увото, не можеше да го сокрие разговорот) дека се дојдени некои муштерии кои би сакале да купат некаков текстил од оној што тој го шверцува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас бев спремен и да полетам ако треба, само да куртулам од овој град.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Повеќе