куси (несв.)
Ќе го кусам и јас патот и удирам прекутрупа, сечам низ паркот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
7. О иде иде слушате ли иде песната таа крупноока желба За мене иде во час ненаспан и за вас иде што спиете морни И пее пее со илјада гласои низ мракот пее за денот ви пее О мугро бела бели посестрими цветови млади во темнава мрака доаѓате ми дојдовте и сега рацете ми се куси да ве стасам И веќе јурам зборот да го најдам за да ја речам да ја изболам тагата на ноќите без сон и радоста што толку ви ја сонев
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Да го кусиш времето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Дека денот почнал да се куси.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Отворено и бесрамно ни кусеа од лебот; го однесуваа во своите чанти.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Колку свеќата намалува — толку дните на детето се кусат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)