кутар прид.

кутар (прид.)

- Нејзе, кутрата, не ѝ текнува да си оди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се разбира во врска со спомнатите противречности ништо не ми појасни ни оној случај за циркускиот гимнастичар кој при една вежба во која учествувале сите делови на неговото еластично тело успејал толку добро да се заплетка што морале да побараат лекар за да го разврзе кутриот атлетичар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За одбивање да бидат дел на фарсата, блиските можеа лесно да страдаат, да се најдат во нов круг на внатрешниот пекол. Кутрите мои. Кутриот јас!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сум се замислувал како голем јунак, џин кој ја убива седмоглавата ламја и ја спасува кутрата кралска ќерка... Сешто!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кутрите глави како светнаа! Стариот, се виде, во таа работа имаше извежбано сѐ до поединости. Глава од глава.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ние немаме што многу да настрадаме, но Дуковци, кутрите ќе видат беља. Уште и не дожнеале...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кутрите мочката не можат а си ја задржат. Им забранив да мочаат во рововите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Невестите ова на соне да го видат, ќе се израдуваат, соколи кутри на тетка...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кутрото теле сѐ уште не знаело дека проблемот не е во боите туку во вратата која се отвара но може и да се затвори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Попусто кутри татко ги молел барем само чевлињата за детето да му ги дадат, дека јас цела година ги чекам тие чевлиња.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Штом некој нема да си го плати данокот, тој ќе го фати и ќе го тепа се додека овој кутриот не му ветел неколку дена работа на неговиот имот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Боговите на другата страна на границата не се смилуваа кутрата Ервехе да си го види жив брата си во Поградец.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кутриот Коле! Го затегам челово и ги гризам усниве.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зачекори кутрото дете преплашено и дојде до нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имаше кажувања дека кутрите француски кози биле разделени од сестринското стадо, продадени за скапи пари на други козји ентузијасти. Вистинска балканска козја мафија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И на задојувањето ѝ кладов сито на главата за да е сито детето, и книга ѝ кладов за да учи, а кај ќе учи кутрото дете, ама така останало, и ѝ кладов црвено јаболко за да е убаво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На чаша ракија рибарите по крчмите потшушнуваат доверливо дека Џемал-ага ги фрла кутрите девојки в море.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе