куцка (несв.)
Трајче куцкајќи се врати дома... Мајка му уште од вратата го прекори: - Кај си досега?
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И оваа рака не беше родена по цел ден да куцка на тастатура, туку со мал знак да испраќа на губилиште или да дарува живот, и потоа лежерно да ја подава, за бацирака.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Јас уште повеќе ја наведнувам главата и куцкам околу куќа, олцкам во јалиците, под стреите и гледам побрзо да изминам од пред луѓето. Ама куцањето не е еднаш. 247
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој ибн Бајко, цврст и полничок, ама и сплескан како некој тежок туч уште од малена да го приземјил, малечок и нагнетен како колбас од потонот на игуменот, куцкаше од тој пусти туч секогаш со главата надесно, а со телото налево, зашто колкот му беше начнат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Шарко потскокнува и куцка, врти глава, молежливо гледа зад себе небаре сака да каже: - Ами сега кој ќе ви лиже муцки?...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)