лаванда (ж.)
Ја среди косата, се изми со нежен сапун од лаванда, малку си стави крема на убавата бела, прозрачна кожа на лицето, си облече еден долг светло лилав фустан и врз него дебел, голем и долг црн шал, лилави едноставни чевлички на мала потпетица и појде долу, кај Христина и останатите, зема пари и тргна накај бакалот кој беше на стотина метри подолу.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во одајчето мирис на лаванда.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мирис од лаванда се разлеваше, раскошна сласт и медовина Слепо го протнав клучот низ вклештена клучалка недопрена, незабележана од туѓи погледи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Бранувањето на лавандата низ провансалските полиња силно ме потсетуваше на пролетното цутење на јоргованот во мајкината градина во нашата последна куќа, куќата крај реката Вардар.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Толку убаво мирисаше! На лаванда, на нешто тајно и чисто.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Вие почитувана Лејбовиц, во миризбите, етеричните и маслинови масла, кои ми ги испративте во шишенца, и потоа свенатите цутови на лавандата и други провансалски цвеќиња, ми испративте и неколку слики, со пригодни цртежи на полињата прекриени со разбранетите цветови како подвижен тепих.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Беше времето кога цветаше лавандата и нејзината опојна миризма влегуваше во луѓето, во душите, продолжуваше во морето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
И иако ништо крволочно не беше имплицирано во бледите преливи со светлина на боја на лаванда во чиешто прикажување сликарката на „Баричката роса“ толку уживаше едно августовско утро, тој поглед насочен од нивната тераса кон соседната куќа, во која - една вечер откако сликата беше завршена, можеби додека уметничката и нејзиниот сопруг ги посматрале метеорите од својата тераса - младата разведена мајка на две деца ја врзал, силувал и пљачкосал по зло прочуениот „Изолирбанд силувач“ од Вилмингтон и околијата, кој и понатаму е на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И тоа се случи токму во пролетта 1993 година, во чудесниот провансалски Арл, во кој се чувствуваше опојната миризба на расцутените лаванди, на рузмаринот, на маслинките, низ нивните сенки, со боите на божилакот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ќе чекориш врз насипи од гардении и рози. Ќе мириса на лаванда и цитрусни ароми.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Под него во круг цветаше виолетова лаванда. До бунарот беше изѕидана фурна од камен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц,
Ви благодарам задоцнето и за ќесињата со миризливата лаванда од последната берба во Прованса кои го исполнија сиот мој дом, како и со спомени на едно друго време минато во чудесната јужна Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тие се насмевнаа кога им реков дека нивните ќесички со лаванда ќе патуваат во Македонија и дека ќе бидат миризлива придружба на две дела од меѓународно право.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)