лажач (м.)
Таквото дете полека израснува во непоправлив лажач, а бидејќи лагата и лажговците лесно се препознаваат, тоа дете станува несреќен возрасен човек.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Еден таков лажач тресе лаги големи, големи ем солени - лаги до над колена.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Што да му се каже на оној што лаже, оној лажач лош што ги сипе лагите ко плева од кош!?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Станува лажач кој никогаш во ништо не е сигурен, кој дури и самиот веќе нема почит за себе.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)