лазар (м.)
Во посебно сеќавање ни остана на сите присутни амбасадори од стотина земји предавањето на тогашниот Претседател на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов и претседател во еден период на Генералното собрание на Обединетите нации. Го сметаа за еден од великаните на југословенската дипломатија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Прекалениот дипломат, претседателот на земјата Лазар Мојсов, кој ги читаше моите депеши, ја разбра пораката на последната телеграма, нејзиниот код и суштина. Брзо реагираше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Калуѓерски долгиот врат на недоопијанетиот Лазар Аргиров се танчел. Усните безгласно му се движеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Особено е најзаморно возењето по најстарата траса на метрото од „Сен Лазар“ до „Мери д`Иси“, чија линија е толку стара, што претставува веќе знаменитост на париското метро.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)