лепенка (ж.)
Најде еден недоучен, од Бапчор ќе да беше, кој се нафати нов јазик да твори со лепенки од рускиот и најмногу од бугарскиот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оваа берберница, со изгниено душеме под кое наместа се гледа песокот, со испукан таван откај што се подаваат трските од лепенката, претставува една преживелица од старото време, заедно со овие неколку души што се збираат тука како бродоломци, потсетувајќи се на начинот на својата младост и трудејќи се да го подржуваат колку што можат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Беше запакувано со црвена лепенка на која што беше напишано Краш Експрес.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Геј е поткултура, инсинуација, склоп гестови, сленг, поглед, држење, парада, виножитно знаме, филмски жанр, музички вкус, фризура, маркетиншка демографија, лепенка за браник, политичка програма и филозофско гледиште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ма, ти ќе бидеш моја „лепенка“ во наредните два дена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)