лештарка (ж.)
Сенката на манастирот паѓала на другата страна, кон густите полусуви и сѐ уште неизгорени смреки премалку достоинствени за својата жилавост, кон зимзелената расфрленост што горе, под најблагиот превалец се проретчувала пред старци дабови, и пред парченца млечна покривка на снег со четирипрсни траги на лештарки и со лански примки за горски еребици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ти полека газиш, мислиш сега ќе спрета од некоја грмушка шљука или лештарка, а сојката, господ ја родил како шпион, ќе писне - бегајте, човек со пушка се доближува!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Некои, што можат, се качуваат и на дрвјата, се пикаат меѓу парошките. Ко лештерки за бесење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пролета птица (лештерка, клукалец, кос?), се огласи сојка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)