лицемерен прид.

лицемерен (прид.)

Да можеше човек уште од првиот час да се привикне на такво нешто: едноставно требаше да се биде само малку глуп и лицемерен, тогаш сигурно полесно ќе дојдеше до подобра карактеристика и сѐ што следуваше со тоа парче хартија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со луѓето надвор разговорите и кога ќе се поведат, се скудни. Тие се само за моментот, суви и лицемерни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ѓуро искрените ги поздрави искрено и од срце, а на лицемерните не им рече ни „добровечер".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си дојдоа дома. Невестата Митра лицемерно се израдува оти се свршила работата, му изнесе на Илка нови алишта, капа, чевли, нова гуна и сакма од конец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И уште кога завивањето ќе се прошири од ќерка на мајка, па како зараза ќе премине на тетка, вујна, золва, балдска, јатрва, баба и внука... отиде јабана сиот лицемерен малограѓански морал, паѓа моментално сета ригидна патријахалност, пука по рабови цела феудална нетолеранција, тоне туто-комплето конзервативната Америка "ко метак надоле", што би рекол чичко Фазли!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ова мало лицемерно суштество многупати се обидувало да ми докаже дека мајка ѝ (ха, значи мојата сопруга!) тешко живее.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И немам намера да те убедувам во тоа; ти допрва ќе се увериш, кога ќе чуеш што изрече Филозофот вчера во скрипториумот, и каква хула бесчесна фрли врз Господ Бог Седржителот, со кој устата му е преполна, како и кај секој лукав, лицемерен и притворен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лицемерни, подлизурковци, лажговци, зависливци, пакосни, никаквеци до дното на душите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А, оние, пак исто така долги, здола малку поплетени, сребренести коци, а со лицемерни насмевки, се самовилите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Што ти значи ова?“, ми пишуваше Агна. „Во таа изјава гледам агресија, скриена потреба некого да потчиниш и, уште, една многу голема лицемерност, проблематичност на твоите побуди“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но логотетот се смири, и со наредба царска, со указ, самиот реши: и против волјата на единаесетмина бедни и лицемерни од советот царски, сепак определи до него да седат и Филозофот и Лествичникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Колку книги имаш прочитано, Филозофе, штом говориш толку мудро?“, го праша со лицемерна благост. „Не знам“, одговори Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само лицемерни не се бакнуваат Потпрени еден на друг, споени во едно, со испреплетени раце и залепени усни, во купчето луѓе, чекачи на автобусот број 5, уживаат во бакнежите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За девојчињата да не зборувам. Секогаш имав проблеми од нивните пакости. Оговарања, завидливи и лицемерни забелешки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Некој ќе му подрече некој лицемерен збор и ќе го покрие со него пред да го покрие со земја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Моето будење го пречекаа четири ококорени очи. Лицемерно насмевнати.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)