лиценцира (св. и несв.)
Во случај на понатамошно користење или дистрибуција морате на другите јасно да им ги дадете до знаење условите под кои е лиценцирана ова дело.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ние го препознаваме Netscape, но го препознаваме ли и неговиот протокол за декодирање лиценциран од Јужноафричката Република? (Алтисер се превртува во гробот.)
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Декорирани се со по неколку дрипци кои од државата се лиценцирани и озваничени како непоправливи пијандури.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)