лицеј м.

лицеј (м.)

Школувањето ќе го продолжи во цариградскиот француски лицеј на Галата-сарај.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кајмакамот седнува, потоа вели: Ќе ти зададам три прашања: ако одговориш, ќе те пратам на царски лицеј во Стамбол.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мајка се радуваше на средбата со својот постар брат Илјами, со својот полубрат Бубуш, ја запознаа неговата сопруга Афрдита, од славното семејство Упи (Ypi), ученичка во францускиот лицеј во Корча и дипломка во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Својата прва слика ја насликал на 15 годишна возраст: „Тогаш, сѐ уште го посетував лицејот во Руен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)