ловечки (прид.)
Доволно е над селските стреи да поминат лутите писоци на дивите гуски па да зоврие крвта ловечка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Ние мажите првин одиме на лов
потем по пештерите
- скришниот предизвик на светлоста -
цртаме одбрани ловечки сцени
со стрели и елени
со копја и бизони.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Татко ми кога го слушнал за ова, ја зел ловечката пушка од ѕидот и сакал да се убие.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тука меѓу луѓето кои преку генералските униформи имаат облечено фракови и се членови на елитно ловечко друштво во кое како највисока награда се добиваат еленски рогови и каде што на секоја реплика меѓусебно си разменуваат скапоцени подароци, главно оружје.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тој не можеше да му избега на неговото ловечко око, тој го виде сосема добро како тоа му го здроби телото на овој близок заскокан ѕвер.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Умираат од загадениот воздух, се трујат од тие хемиски средства со кои човекот ги прска растенијата, а голем број страдаат од несовесни ловци, оние со вистински ловечки пушки, но страдаат и од помалку опасните воздушни пушки што најчесто се наоѓаат во детски раце.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ниеден миг не ги пушти мислите напред, пред себе, постојано ги држеше по себе, крај себе, или само неколку чекори напред, но онака, како што се држи ловечкиот гонич врзан за синџирот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да... Општествена свест... Кога бев во коњицата, одев на ловечки забави кај кнезот Орлов и војвотката од Изес; ги држевме офицерските коњи.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Ова е ловечки авион. Има само едно седиште ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Уживаше додека му се качуваше низ раката, весело пиштејќи со јазичето, или додека го демнееше пленот, хипнотизираната бубачка, плетејќи го околу неа ловечкиот танц.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Како ловечки пес знаеше да го надушка местото и времето каде што се состануваа другарките.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Камчиња к'о овесни снегулки (со рибино масло испрскани) Црвеноперки од солени стапчиња презаситени (со помада од алги негувани) Острови - плочки за табла вртење (пловечки монети од времето кога боговите „писмо-глава“ си играле)
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Иако имаше „муцка“ на ловечки пес, никако не можеше да му влезе во трага.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Барска птица што ја гаѓаат воздушни пушки и над која се лигават ловечки кучиња.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Во долгите зимски ноќи - калливи или виуличави, закитени со мразулци или уште неоладени од испливиот здив на студот - ловечката страст е поврела и понеобична кај селаните.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во тоа недалечно време, како и сега, луѓето во минаотото бараа некои вистини што и ден-денес не им се непознати, вистини на ловечките души. Толку.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ненадејно, откај Мокра Планина, се појавија три ловечки авиони.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)