луксуз м.
луксузен прид.

луксуз (м.)

Среќата е луксуз откако ќе направиме животна ретроспектива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кај нив тоа беше луксуз. Кај него беше нешто сосема друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше, без сомнение, да се замисли општество во кое богатството, во смисла на лична своина и луксуз, би било рамноправно распределено, додека власта би останала во рацете на една мала привилегирана елита.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш не се прашал кој го крстил со тоа грдо име и затоа не се погледнуваше во огледало, едно што по домовите ретко имаше такви луксузи, а друго и затоа што не сакаше да си ги гледа мозолките по лицето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ниту еден ваков поразувачки доказ не можеше да ги спречи младите филмаџии да бараат пари за филм, во услови во кои седмата уметност се третираше како луксуз и очајно чуваше небаре кинеска ваза: не користеше никому, но светкаше присутно за да некој, понекогаш, не сакајќи ја оштети...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А од каде солзи? Солзите се луксуз сега, сѐ стана луксуз замене освен чекорот во снегот, кој врвеше тихо, па молкум ме сопнуваше пред навирот на солзи...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Москва мастика за џвакање беше луксуз, а во Будимпешта фармерки РИФЛЕ ем луксуз, ем капиталистички заговор.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Литро бензин достигна колку 2 литра пиво. Таксито стана луксуз за елита, но затоа точаците останаа со иста цена. Единствениот најисплатлив превоз во крволочното материјално животарење. ***
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Затоа, ниеден велгоштанец не повраќа од својата черешновица; тој луксуз им го оставаат на јабанџиите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеби револуциите се неговиот единствен луксуз во кои застанува во првите редови, но брзо ги губи илузиите, нема режим што може да го спаси, принуден да се приспособи на секого и сешто...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Тоа е моја работа, но ти не рече така. Ме лажеш. Што ќе ти биде, лебати, тоа луксуз?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па сепак, ограничениот луксуз што го ужива тој - неговиот голем стан на убаво место, поквалитетниот текстил на неговата облека, подобриот квалитет на неговата храна, пијалак и тутун, неговите двајца или тројца прислужници, неговиот приватен автомобил или хеликоптер - го ставаат во свет различен од оној на еден член на Надворешната партија, а членовите на Надворешната партија уживаат слични предности во споредба со угнетените маси што ние ги нарекуваме „ пролови“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Од каде олкав луксуз со касиерска плата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не за богатство, или луксуз, или за долг живот или за среќа: само власт, чиста власт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луксузот што овде го гледаме, дури и ако делумно ни се допадне, секако има сосем особен стил.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Споредени со нивните претходници од минатите векови, тие беа помалку грабежливи, помалку наклонети кон луксуз, пожелни за гола власт и, над сѐ, посвесни за она што го прават и порешени да го скршат отпорот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите имаат имиња како од некаква криминалистичка оперета, или филмски прекари (Рафал, Џони, Браво, Скот...), го премолчуваат својот идентитет, чекорат по облаци, благо, речиси нежно се лизгаат кон смртта и на крајот себе си го дозволуваат луксузот на кукавичлакот за конечно да фрлат сенка на својот „имиџ“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Не ти требаше таков луксуз! - рече доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Или луѓе немаат леб да јадат, или тераат тежок луксуз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пингвини во Кенија се чист луксуз, беспотребно трошење средства и мачење на кутрите животни...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Повеќе