магнетен (прид.)
Насекаде летечки објекти кои се движат на енергетски магнетен полнеж.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Магнетната стрелка на голем компас трепереше со виолетов сјај.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ко две сенки, нечујно се разминавме во магнетно поле од електрицитет, допирот не ми значи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Жива зараза, се шири со брзина на светлината. Се пренесува преку магнетни бранови. Единствен таков случај.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ја опседнуваа кристалните и магнетни
крици на Марс и Венера, не
штуриот укор на заедничкиот живот
- државните, семејните и верски празници.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Веројатно, бурата и магнетните сили, кои при тоа се создаваат, се во „врска”- со генералната наредба која струи до сите јагули како повик за да го започнат големиот пат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тунелот го привлече, понесувајќи го со својата магнетна моќ: надвор од времето во коешто живееше: надвор од просторот, каде што физички се стремеше со своето тело.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оној што го создал тоа суштество, со умешност на јувелир, во главата му сместил два полирани и блескави скапоцени камења, со магнетна моќ.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зошто да кријам, Овидие, бев . . .преплашен. мојот совршен близнак ме чекаше во тесната просторија, во неумоливата соба на Времето, и јас ги чувствував магнетните пипци што ме влечеа во таинствената, заумна одаја.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ко магнетна сила нѐ води во овој имагинарен свет...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сите тие зашеметени разнесувачи, секогаш без работа, во теснец, без пари, занесениците на „Перпетум”-от на светските нерешливи проблеми... на „магнетната чешма”...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)