матадор (м.)
Имаше нешто во перчењето на петелот и во неговото матадорско држење, што го возбудуваше Милан.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На 12 години, Фернандо бил испратен од својот вујко, познатиот „Афисионадо“ на коридата, во училиште за матадори.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Маргиналецот има специјална анти-зомби стратегија: во тајни куферчиња (ко што имаше Мелани Грифит во Shining Through, веднаш покрај исечените прсти на непријателите и контрареволуционерните ТЕКСТОВИ: Дерида, Бодријар, Слотердијк, Фаерабенд, Витгенштајн, Дишан, Ворхол, Џојс, Музил...) и во специјални теглички допола наполнети со специфичен наркофилски етер, се чуваат како смалените глави на декапитираните конкуренти така и одредени восочни фигурички - слика и прилика на локалните зомбии; и игли за коса, фала богу, ко во филмот „Матадор“ на Алмодавар.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)