материјален прид.

материјален (прид.)

— Тогаш, слекувај се да ти ја видиме и другата материјална состојба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не еднаш Русија ни има речено оти таа не ќе пролее ни една капка крв и не ќе ни даде ни најмала материјална помош ако ние Македонците подигнеме востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со правење на бомбите биле завршени сите материјални подготовки за атентатите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А тоа право може да ни даде голема материјална полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако овој долг се осознае, ако обединувањето на нашата интелигенција со бугарско, српско и грчко образование се постигне, ако се парализира работењето на пропагандите и се успее тие сосем да се отстранат од Македонија, ако се установат добри односи кон сите македонски народности и се подобри политичката и материјалната состојба на Македонците, тогаш, при сите дадени жртви, ќе можеме, покрај другото, да бидеме задоволни од едно: востанието ни ги отвори очите за грешниот пат по којшто одевме досега, по којшто ќе одевме и за напред, и без востанието сами ќе подготвевме почва за дележ; тоа ни ги отвори очите за многу наши нужди што и не ги претпоставувавме понапред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа е војување со ограничени цели, меѓу борци кои не можат меѓусебно да се уништат, кои немаат материјална причина за борба и кои не ги дели никаква суштинска идеолошка разлика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
4. Исплата на надоместоци од плата ЗИПДНД во 1992 година вклучи одредби со кои се регулираше висината и исплатата на надоместоците кои имаат карактер на заедничка потрошувачка и висината и исплатата на надоместоците кои имаат карактер на материјални расходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го запозна со сите и нагласи дека другаров нема нужда од материјална помош, но ќе треба да се прибере во Организацијата за да се исползува неговото име во општото дело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арнотија ли е материјалната помош од Бугарија за воставањето, кога таа поддршка само нѐ натера да си ги расфрлиме народните сили, со кои ние бевме силни, а сега сме ништо?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Предметите личат на луѓето, луѓето на предметите, звукот е со материјален облик и конкретна боја, бојата со внатрешна смисла и специфична тенденција.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Согласно горенаведените законски одредби, а врз основа на обезбедениот список, стручните служби на Центрите за вработување при АВРМ постапуваа по вкупно 9.987 барања за остварување право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зошто е тогаш толку силна желбата за живеење и за добивање знаења, умеења и материјални добивки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Извор на неговите материјални средства беа пљачката од тие што напљачкале.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој мора да биде отсечен од минатото, исто како што мора да биде отсечен и од странските земји, затоа што е неопходно да верува дека нему му е подобро отколку што им било на неговите предци и дека просекот на материјалните добра постојано расте.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На крајот, таа се отпишува како застарена, без никому да донесе материјална корист, а потоа со нов огромен труд се гради нова Пловечка тврдина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа вдахновено проповедај: едното е поделено на безброј цареви и арлекини скрбни и среќни нееднаквоста е врховно начело на Целоста, универзумот луминозен сферичен, фокусиран нематеријално материјален а ти кој посматраш, сфаќаш: генијот е разорна будност на супстанцата ѕвезден јазол на белузлавото јајце знак за дослух меѓу телесата данте, шекспир – параболи!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во жалбата наведе дека е направена материјална повреда на постапката.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не ни покажува ли тоа оти малите држави, па и секоја една земја, со гонењето општонародни цели гонат не хумани цели, ослободувањето на поробените, ами чисто материјални и егоистички цели, т.е. зголемувањето нивно за свој интерес, без да се гледа дали ќе настапи подобрување во судбината на Македонија или не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе