матичен (прид.)
Ќе бидат анализирани две категории закони: матичните закони што се однесуваат на работничките права и оние закони кои примарно обработуваат друга проблематика, но сепак вклучуваат одредби кои ги засегаат работничките права.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во анализите ќе упатуваме на членот од дотичната измена и дополнување со кој се изменува, дополнува или заменува матичниот член од законот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во матичните книги нема графа тага.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Со одењето на олтар и у матично љубовта стануе чиста теологија, а воедно и административна теориска концепција.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Новото работно место на кое е прераспределена е референт за прием и отпуст на осудени и притворени лица, матична евиденција и статистика – а, само по себе, подразбира 73 непосредно вршење на административна работа при внесување и изнесување осудени лица во и од КПУЗ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оној кој збори туѓи јазици на соне
зазира ли од заветот во којшто
„никој не се срами што страда и вика од бол“15
зазира ли од името свое
култот свој, па се таи, таи, притајува
во еден друг бог
- матичен?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На изводот од матичната книга на венчаните имаше напишано: „Бракот се раскинува поради смрт на еден сопруг“.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
По шест години, кога малата требаше да добие потврда од матичниот лекар дека е здрава и дека може да оди во забавиште, по целиот пат додека мајка ѝ ја возеше, викаше на цел глас и плачеше, божем ѕрцките ѝ ги вадат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Го пребарува неговото име во компјутерот, го споредува матичниот број, ми бара државјанство, ама јас сум мајчина, спремно на „готовс“, наредено секое ливче, документче, воена книшка, извод од книга на родени од пред 100 години, како и изводи на сѐ живо од прва линија на рода, крвна и некрвна.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Изгледа дека Мичиген ривју ѝ ја проследил информацијата на својата матична организација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Умреница Стојам и чекам стрпливо, ги слушам другите кои, откако ќе дојдат на ред, стануваат свесни дека комплетно неподготвени дошле во Матична служба да бараат уверение, а не знаат, на пример, ни моминско презиме на покојната.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Човеков бил Тито: во секоја република имал сопруга, заведена во правливите матични книги, кои мораше да ги бара во подрумот во архивата бидејќи во компјутер немале време, а ни желба да ги внесуваат. Па немал усул...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Имено, со централна одлука на матичната фирма АД „Топлификација“ – Скопје, на Надзорниот одбор на „Топлификација Битола“, му е наложено на седница да предложи мерки со кои на вработените ќе им се запира од платата т.н. „стимулативен дел“ – позитивен или негативен стимул, во зависност од тоа каква била наплатата од корисниците на услугите на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А овој, Андреја Тарковски, во сите матични книги бил заведен меѓу умрените.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Првин станавме политички емигранти, за потоа да се здобиеме со државјанството на новата земја, федералното и републичкото, за потоа да станеме припадници на малцинство, па на народност (поради тоа што имавме и матична татковина)!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мајка сонуваше, со каталогот Ла Ринашенте, семејната галија повторно да се насочи кон Јадранското Море, мечтаејќи за матичната земја на Ла Ринашенте – саканата Италија на својата младост.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога компанијата „Кјуби“ дознава дека е тужена, го известува дека тој има акции кои, во негово име, биле купени од матичната компанија од Австралија (!?), и за да ги добие во валутна противвредност, треба да потпише Изјава – која му е понудена на потпис во август 2005, во која ќе стои дека сите права и обврски од компанијата се намирени и дека тој, како работник кој поседува акции, е согласен сумата што би му следувала од продажбата на овие акции да ја добие намалена, соодветно на 265 неговите „финансиски задолженија“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Постојат озаконети одлагалишта, матични книги, текстови потпишани со исто име, одговорност, сопственост, осигурувања. Тоа мошне ме интересира.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако се исклучат матичните погони на „Бош“ и „Мерцедес“, другата индустрија е ситна и нема претпријатија и фабрики каде што работат стотици и илјади работници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Она што го нагласува Божиновски е дека, низ сите овие процеси, нему бил вршен отворен притисок и бил уценуван од страна на компанијата, за делот од средствата со кои компанијата – во негово име – купила акции од матичната компанија QBE Австралија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)