мајтапчија (м.)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Такво прашање поставуваат некои од пријателите на татко ми и мајка ми, а особено оној чичко Гоце, од Берово, мајтапчија и подбуцнувач, кој не пропушта прилика да ме зајаде.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Веслаше кајче, а сега е бајче и жена му ја храни со лајче - се нафрли продавачот со неговите мајтапчиско римувани ускочици.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Човекот сериозен, траурен, а јас, недосетлив, и понатаму со мајтапџиските алатки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сум слушнал за тебе дека си голем мајтапчија.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)