механизам м.

механизам (м.)

Тој беше вистински шраф на големата машинерија на механизмот на владеењето во кој јас со мојот наивен ентузијазам можев да се вклопам засекогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако претпоставиме дека механизмот на процесот досега беше точно опишан, тогаш кој е мотивот за ова огромно и детализирано настојување за запирање на историјата во еден точно одреден момент ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го познаваше механизмот на часовникот до најмалото шрафче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Милиони и милиони луѓе секојдневно стануваат и го заземаат своето место како шрафови во тој огромен механизам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Службата за сместување и исхрана функционираше како прецизен механизам, просто зачудувачки точно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И самиот присилно влезен во механизмот на жртвувањето, најден под пресијата на најсилното преобраќање во сталинистичката идеологија, имав сили и мноштво аргументи да размислувам за огромната моќ на приспособувањето на институцијата на жртвувањето во повеќе облици и спреги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Механизмот на памтењето со мака ги оживува, често беспомошен да ги поврзе и да ги одвои од случајностите, да ги предаде наполно и јасно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој од сопствената моментална вина на совеста градеше одбрамбен механизам, заканувајќи им се на луѓето на кои им значи, дека ќе се самоубие, само за да му ги простат направените грешки и за со мирна совест да продолжи да прави нови уште поголеми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На средината на излогот стоеше една реклама која го објаснуваше механизмот врз чија основа механичкото перце совршено функционираше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, на мојата супериорност ѝ дојде крајот; не бев предвидел дека тие, во моментот кога ќе видат дека ја изгубиле идеолошката власт над мене, ќе почнат да практикуваат физичка власт, односно дека, откако видоа дека не можат да ја поробат мојата душа, можат да го поробат моето тело, да ми го одземат; тоа е последниот механизам на власта, пред таа да се урниса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Очигледно, поведението на системот зависи од софистицираноста на стратегиите и на механизмот на промената.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Глупости, нашиот кревет беше пресметан, строго испланиран, студен механизам што го придвижуваа мотиви далеку од срцето и душата. Во отсуство на клиентка креветот ти го исполнував јас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Понатаму, границите се механизми на државна контрола – како на оние што се внатре во нив така и на оние што се надвор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Клекна крај уништениот механизам и астматично залипа: Мортенијо, чедо мое, јас бескрајно ќе те жалам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Беше во состојба да ги разбереш механизмите на општеството во кое живееш, но не и неговите основни мотиви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со други зборови: зарем отсуството на таквиот текст или авторитет не го дезактивира механизмот на најсеопфатниот троп во модерната традиција - иронијата?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имено, наместо да означува трансформација на (поголемиот дел од) општествениот и државниот капитал во приватен и воведување на пазарни механизми во економијата, овој поим беше ефемеризиран до значење – достигнување на стандардите на западните земји во политичката и особено во економската сфера.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но веднаш да напоменеме: таквите сложени ситуации не го отупувале чувствениот механизам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ги склопив очите и се обидов да се приберам раздвижувајќи го во себе испробаниот механизам на логиката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе