мигрира (св. и несв.)
Доаѓа цела генерација вешта во користењето на интерактивни орудија, таа мигрира во светот на виртуалната реалност, каде што може да ги развие своите соништа и игри на фантазијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И нив ги поттикнуваше гладта, но и нагонот на движењето, поместувањето, без оглед на големите жртви, да мигрираат кон новите пространства.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Солта мигрира
секогаш во егзил, секогаш дома
полигамна, двополна, тој сол, таа сол...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Причината за ова, тврди Флорида, е што високотехнолошките работни места денес ја следат работната сила; работната сила не мигрира таму каде што се работните места – барем не на подолго (Флорида предаваше во Питсбург).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Лондон, неколку илјади луѓе го поминуваат времето на Хемпстед Хит и на други места од пролетта до раната есен, а зиме мигрираат во душевните болници.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не успевајќи да мигрираат, Таткото и неговото семејство на посебен начин го откриваат патот на слободата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)