микрокосмос (м.)
Живееле во тој мал микрокосмос какво што било маалото како во тврдината во која го бранеле својот опстанок со голема меѓусебна толерантност и солидарност во неизвесните времиња на балканската историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Па тоа е микрокосмосот на моето детство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Многу е тешко да се каже дека визуелниот уметнички свет е имун на оваа клима, било надворешно, како импликација на некои негови врски со деловните или националните интереси, или внатрешно, како микрокосмос на истиот конфликт на вредности. Guy Brett е писател од Лондон. 14 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
ЧАМЕЦ ЗА СПАСУВАЊЕ (1944) Појдовната замисла на филмот е секако да се прикаже во еден микрокосмос (чамецот за спасување), макрокосмосот на американското општество во неговото соочување со нацистичката опасност: наспроти униформираноста на нацистичкот тоталитаризам, што го олицетворува еден противиграч, Вили, стои melt- ing pot-от на разновидните социјални слоеви, народности, убедувања, карактери; преку низата напнати сцени и заострени, понекогаш иронично обоени дијалози излегуваат на видело сите општествени, културни и идеолошки напнатости на американското општество, додека бродоломците конечно не најдат доволно моќ за единствен настап против непријателот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)