мирислив прид.

мирислив (прид.)

Полуостровот за сега ѝ е под мирисливото здолниште а заразата од раните не се шири и не достасува како болка до нејзата спокојна свест и до студената совест.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас сфаќав дека тој сакал да ја гледа до себе во летните вечери облечена во тенко и онака миризлива и мека.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Обично ние го носевме пред гостите подавалникот со топло мирисливо кафе што го вареше Мајка, со локум и вода.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лонецот со вода се грееше на огништето и мајка ми со тенџерче ми истураше полека од истата, а јас седната во длабокото дрвено корито со миризливиот сапун генерално се триев и миев.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го гледав како со одлучни чекори се оддалечува по патеката со мирисливи липи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ако се поспиеш со мирисливиот парфем на сопствената среќа, тој мирис ќе можеш да го пренесеш и врз другите околу тебе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со пријатно миризлива кожа која испарува низ устата и телото.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Низ отворените прозорци откај планината вееше свеж и мирислив здив.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од морето не престануваше ветрецот да ја носи морската мирислива свежина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некаква мирислива мирнотија се чинеше дека го исполнува неговиот свет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На дланките на девојчето се посеани трошки мирислив леб.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега тој затрепка по белите миризливи трендафили.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Од високото сега гледавме на миризливиот бел килим од расцутените сливи и другите овошки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајка ми обожава да бере чаеви и разни други миризливи тревки и да ги суши во нејзината соба, па таму и лете и зиме опојно мириса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За несреќа, се погоди да ја сретне Французинката баш откако се враќаше од трчање, а беше забревтан, испотен и особено мирислив и леплив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Црниците, меки и миризливи, се топеа в уста со онаа сочност и по малку тешка сладост.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Истрча низ вратничката и се закопа до натколениците во снегот, а со секој дел од своето тело просто како да го впиваше во себе дишењето на таа единствено вистинска, топла и миризлива југовина, што го поземаше во своите заплиснувања и го омекнуваше сиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
дамнешен запис Татко Секој ден Одеше на кланица Татко Секој ден По малку Умираше. пев (поезијата) Го вкусив Тоа горко Јаболко Тоа диво Миризливо Опасно По Живот Горко Јаболко.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Мита фрла во него грст планински чај и кога во целата земјанка се чувствува сладуњаво - горчлив мирис, таа го разлева миризливиот врелец во алуминиумските таски.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе